Кошаркарите на Мајами славеа во третиот меч од серијата против Њујорк „Никс“ и поведоа со 2:1 во четвртфиналето од НБА плеј-офот. Мајами ја искористи предноста на домашниот терен и славеше со убедливи 105:86 (29:21, 29:23, 29:26, 18:16).

„Жепките“ беа апсолутно доминантни во третиот натпревар. Гостите ниту еднаш немаа предност, а нивниот дефицит, кој се искачи на -22, практично цело време беше двоцифрен.

Џими Батлер го предводеше Мајами со 28 поени, а доби поддршка од Струс кој постигна 19 поени, како и Адебајо кој имаше дабл-дабл со 17 поени и 12 скокови.  

„Никс“ имаат петмина играчи со двоцифрен број на поени од кои двајца остварија дабл-дабл. Бронсон беше најефикасен со 20, на кои додаде шест скока и осум асистенции, а Харт постигна 15 поени со 12 скока, Барет го следеше со 14, Квикли со 12, а Рендл имаше 10 поени и 14 скока.

Сепак тоа се покажа недоволно за гостите да стигнат до триумф, па Мајами поведе со 2:1 во серијата подобар до четири победи, која продолжува во Мајами ноќта помеѓу понеделник и вторник (9 мај).