Алексис Мекалистер со пенал во судиското надополнување, донесе победа за Брајтон против Манчестер Јунајтед (1:0). Давид Де Геа изгледаше дека ќе донесе значаен бод за Јунајтед, бидејќи одбрани се што можеше да се одбрани освен пеналот на Мекалистер.

Во првото полувреме и двете екипи имаа доволно шанси, но ниту една не беше доволна за водство на својата екипа. Второто полувреме продолжи со истото темпо се до последните минути кога Давид Де Геа за многу малку ќе беше спасител како и изминатите години.

Лук Шо го направи последниот потег кога после мешаницата на корнерот на Брајтон направи пенал. Алексис Мекалистер ја превзема одговорноста и го совлада Давид Де Геа во 96.та минута за триумф на Брајтон.

Со оваа победа Брајтон се искачија на 6-та позиција со 55 бода 1 бод повеќе пд Тотенхем, но Брајтон имаат и 2 натпревари помалку. Манчестер Јунајтед со 33 одиграни натпревари има 63 бода 2 помалку од Њукасл кои исто така се со 33 одиграни натпревари. Лидер е Манчестер Сити со 79 бода.

Андреј Велјаноски