Екипата на Реал Мадрид се избори за мајсторка во четвртфиналната рунда против Партизан во Евролигата.

И на вториот натпревар во „пеколот“ во „Штарк “ арената Реал славеше со 85-78 и гоизрамни резултатот на 2:2 во победи со што се избори за решавачки петти натпревар и тоа пред својата публика.

Гостите од Мадрид одлично го отворија натпреварот и рано поведоа со двоцифрена предност што ја задржаа до крајот на првата четвртина (27-15). Во втората домаќините одиграа далеку по квалитетно, но Реал и на полувремето имаше предност (45-42). Само на средината на третиот период Партизан успеа да поведе, во два наврати со по два разлика, но во продолжението на сцена настапи Аргентинецот, Габрие Дек кој заедно со Чача Родригез ја одржуваа предноста на мадридскиот клуб.

Трите непромислени грешки на Вилијамс Гос на 90 секунди до крајот при шест водство на Реал можеа да го чинат тимот од Мадрид многу

Покрај дек кој постигна 14 поени, и Родригез кој на 9 поени додаде 8 асистенции, во победничката екипа се истакнаа Ханга и Таварес со по 15 поени. Зек Лидеј со 25 поени беше најефикасното играч на Партизан.

Во вториот натпревар од денешната програма, Макаби го „понижи“ и совлада Монако со 104-69 па израелскиот тим се избори за мајсторка која ќе се игра во Монте Карло, кој како и дуелот во Мадрид ќе се игра во среда.