Барселона е првиот тим што обезбеди пласман на завршниот фајнал-фор турнир во кошаркарската Евролига. 

На големо разочарување на организаторот Каунас, нивниот домашен тим Жалгирис сепак беше преслаб да се избори за место во полуфиналето до кое Барса стигна со максимални три победи. 

Ова откако вечерва на третиот четвртфинален дуел одигран токму во Каунза, гостите од Шпанија славеа со 77-66 и со 3:0 за завршија серијата. 

Сега Барса, ќе го чека исходот од дуелите меѓу Партизан и Реал Мадрид, по што ќе го дознае својот противник за полуфиналето.