Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски беше стрелец за својот тим Дебрецен во триумфот од 2-0 против МОЛ Фехервар во 29. коло на првенството на Унгарија.

Бабунски погоди во 52. минута за водство од 1-0 во тие моменти, а потоа неговиот соиграч Боди ги постави конечните 2-0.

За Бабунски ова е 11 гол оваа сезона.

Дебрецен и понатаму е во трката за првите три позиции во унгарскиот шампионат кои носат излез во Европа.