Баерн Минхен е повторно лидер во Бундеслигата по триумфот над Херта со 2-0. „Баварците” го искористија киксот на Борусија Дортмунд и сега го презема лидерското место на четири кола до крај.

Во првото полувреме Баерн залудно напаѓаше, имаше дури 13 шута кон противничкиот гол, но ниту еден не се покажа како доволен за водство. Херта добро се бранеше до 69-та минута кога по асистенција на Кимих стрелаше Гнабри. 10 минути подоцна повторно на асистенција на Кимих овој пат стрелаше Коман за конечни 2-0.

Овој триумф е многу значаен за Томас Тухел и Баерн Минхен бидејќи ги враќа на чело на Бундеслигата по 30 кола со 62 бода. Борусија Дортмунд им дише во врат со 61 бод, по киксот против Бохум во петокот со 1-1.

Андреј Велјаноски