Евролигата и официјално ги објави казните за синоќешниот инцидент што се случи на вториот натпревар од плејоф серијата помеѓу Реал и Партизан во Мадрид, меч кој беше прекинат на 100.секунди до крајот.

Како што се вели во соопштението на Евролигата – независниот дисциплински судија откако ги разгледа инцидентите донел одлуки со кој се суспендирани четворица играчи, а Реал и Партизан добија парична и казна од по 50.000 евра за неспортско однесување на двата тима што го спречи нормалното завршување на натпреварот.

Французинот, Јабуселе е санкциониран со суспензија од 5 натпревари, додека играчот на Партизан, Кевин Пантер е казнет со 2 натпревари без право на настап.

Казни од еден (1) натпревар заработила и Габриел Дек односно Матијас Лесорт, но симптоматично е што главниот иницијатор на инцидентот Серхио Љуљ остана без казна.

Наведените одлуки не се предмет на жалба, поради карактерот на вонредната постапка што се случила во необична фаза, се наведува во соопштенето на Евролигата