Виолетовите од Фиренца ја сочуваа предноста од првиот полуфинален натпревар против Кремонезе, кога на гостински терен славеа со 0-2, па со реми без голови 0-0 обезбедлија пласман во Куп финалето.

Во еден натпревар во Фиорентина имаше целосна контрола и предност од првиот натпревар буквално и да немаше никакви возбудување и резултатска неизвесност.
Напротив, токму Фиорентина беше тимот кој напаѓаше а најблиску до погодок беше Кабрал кој во неколку наврати пропушти одлични шанси за гол.

Со тоа резултатот остана нероменет, 0-0, па играчите и навивачите на Фиорентина можеа да слават пласман во големото финале, прво финале по пауза од 23 години, кога всушност е и последната и единствена титула на Виолетовите во оваа наптреварување.

Во финалето, Фиорентина за противник ќе го има бранителот на титулата, Интер, кој синоќа го елиминираше Јувентус.
Финалето ќе се игра на 24-ти Мај на Олимпискиот стадион во Рим.