Пеп Гвардиола збореше пред дуелот со својот ученик Микел Артета и неговиот тим Арсенал. Говараше и за неговиот однос со Артета и колку е важен овој дуел.

„Многу ми е мило што сум тука. Навистина важен натпревар ми е ова бидејќи ние можеме да освоиме поени и бидејќи тие ќе се фокусираат на истото. Игравме два пати со нив и ниту еднаш не беше лесно. Важен е натпреварот ама не и одлучувачки. Иако и двете страни имаме уште многу не лажеме за важноста на натпреварот” изјави Пеп.

На прашањето што најдобро контролираат Арсенал, Пеп не штедеше комплименти.

„Сè. Кога играте против ваков тип на тимови, тие контролираат сè. Арсенал, во времето кога раководеше Арсен Венгер, секогаш има неверојатни детали и грижа со топката, играчите што ги избираат да играат се со најголеми квалитети и вештини и мислам дека Микел носи поинаква димензија. Тие се толку агресивни, можат да одат на Енфилд против тимот кој беше најдобар во транзициите во последните години и беа подобри. Во двата натпревари што ги одигравме оваа сезона го почувствувавме тоа и мора да ги предизвикате под тие услови. Квалитетот што го имаат во надоградбата, на вторите топки е тешко“ посочи тренерот на Сити.

Според Пеп не му се сменил односот со Артета туку само локацијата на живеење.

„„Ништо не се смени, посебно не што мислам за него. Тој живее во Лондон, јас живеам овде, така што зборуваме помалку, моментално сме ривали, ама тоа се случува, но уверувам дека ништо не се промени. Не е ова прв случај во историјата на спортот. Бев фудбалер имав пријатели во други тимови, сакаш да победиш, но на крајот пријателството останува“ мудро објасни Пеп.

По крајот на 90-те минути Пеп и Микел повторно ќе бидат пријатели но за време на натпреварот двајцата ќе сакаат само најдобро за својата екипа, победа и три важни бода во трката за титулата во Премиер Лигата.

Андреј Велјаноски