Во женското кошаркарско првенство викендов на програмата се вторите натпревари од полуфиналната рунда во разигрувањето за шампионската титула.

Екипите на Баскет Кам и Бадел кои се и главни фаворитки за трофејот веќе имаат предност од 1:0 во победи во дуелите си МЗТ Скопје Аеродром и Струга.

Баскет Кам кој во првиот дуел убедливо го победи МЗТ Скопје, ја има предноста на домашниот терен, па попладнево во натпреварот што ќе се игра во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица има можност да направи чекор поблиску до финалето.

Во иста улога е и актуелниот првак Бадел, кој на првата средба со Струга славеше минимална победа. Баделки и стружанки својот втор дуел ќе го играат утре во салата „Независна Македонија“ во Кисела вода

ПЛЕЈ-ОФ ПОЛУФИНАЛЕ 
Сабота 16.30   БАСКЕТ КАМ –  МЗТ СКОПЈЕ А. (1-0 во победи)
Недела 18.00  БАДЕЛ – СТРУГА (1-0 во победи)

Натпреварите ќе се играат по принципот дома-гости-дома (2-2-1). Третиот и евентуално четвртиот би се играле во Скопје и Струга на 26 и 29 април, а доколку биде потребна мајсторка таа би се играла на терените на Баскет Кам и Бадел на 3 мај.

Пласман во финалето обезбедуваат екипите кои ќе остварат три победи.