Екипата на Бадел го доби првиот натпревар против Струга во полуфиналето од плејофот на женскиот кошарскаракси шампионот на Македонија. Баделки со многу мака и во неизвесна завршница славеа со 63-61

Гостинките од Струга кои пред овој натпревар важеа за аутсајдерки на најдобар можен начин го демантираа тоа со играта во првите три четвртини. Предводени од Тапи Аби која во овој дел од играта постигна 17 поени, стружанки го добија првото полувреме со седум разлика 31-24.  Гостинките беа подобри од Баделки во првата и втората четвртина со  16-11 и 15-13.

Иако актуелните шампионки го добија третиот период со 23-19, сепак стружанки беа оние кои во последниот влегоа со предност од три поени 50-47.

Во решавачката последна четвртина домаќинките успеаја да стигнат до израмнување по само две минути игра, по што следуваше период во кој се играше кош за кош.

Мартина Маркоска со 20 поени беше најефикасна во победничката екипа, додека кај Струга, а воедно и на натпреварот најефикасна беше Сафија Ли со 27 поени.

И вториот натпревар овие екипи ќе го одиграа во Кисела Вода во сабота (22 април) по што серијата подобар до три победи се сели во Струга.

Во првиот денешен натпревар од полуфиналето  Баскет Кам го надигра МЗТ Скопје Аеродром со 84-66 и поведе со 1:0 во победи.