Во женскиот кошаркарски шампионат на Македонија, односно плејофот познат е и третиот патник во полуфиналето. Тоа е екипата на Крива Паланка која со 2:0 во победи ја доби четвртфиналната серија со МЗТ Скопје.

Во реванш дуелот одигран вечерва пред домашната публика екипата на Крива Паланка славеше убедлива победа со 30 поени разлика 80-50.

Дилемата околу победникот домашните кошаркарки ја разрешија уште во првата четвртина. Го добија тој период кошаркарките на Крива Паланка со 19 разлика (24-18), а на полувремето додадоа два плус (44-23). И во третиот период домашниот тим беше подобар со +13 поени, ап последниот беше само чиста формалност. Им припадна на гостинките од Скопје, колку да го „ублажат“ поразот на 80-50.

Со двете убедливи победи над МЗТ Скопје, кошаркарките на Крива Паланка си обезбедија место во полуфиналето.

Во него, повеќе од сигурно ќе играат со бранителот на шампионскиот трофеј Баскет Кам. Тимот од Македонска Каменица ја потврди фаворитската улога против Патриот.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
четврток
КРИВА ПАЛАНКА – МЗТ СКОПЈЕ А. 80-50 (2:0 во победи)
сабота
17.00 Патриот – БАСКЕТ КАМ (0:1)

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ
ВАРДАР – КУМАНОВО ГРИЗЛИ
Баскет Кам / Патриот – КРИВА ПАЛАНКА