На домашната спортска сцена денеска активности само во кошаркарскиот шампионат во женска конкуренција.

Два натпревари се на програмата од четвртфиналната фаза во прволигашката конкуренција.

Актуелниот шампион кошаркарките на Баскет Кам одбраната на титулата во разигрувањето ја почнуваат пред домашната публика. Во Македонска Каменица доаѓа екипата на Партиот која е апсолутен аутсајдер во овој двобој. Се освен чисти 2-0 за Баскет Кам и пласман во полуфиналето, би било голема сензација.

Првиот натпреварот меѓу овие две екипи, ќе почне во 19 часот, термин во кој стартува и вториот меч меѓу Бадел на Куманово Гризли. На дуелот во скопска Кисела Вода гостинките од Куманово ќе влезат со предност од 1:0 во победи. Нов триумф би ги промовирал кумановки во полуфиналистки.

Исходот од овој натпревар го очекуваат кошаркарките на Вардар. Тие веќе си ја завршија четвртфиналната обврска, добивачи ги двата натпревари против Пробаскет.

За утре (среда) е закажан и дуелот број 2 меѓу Крива Паланка и МЗТ Скопје Аеродром во кој домаќинките ќе влезат со предност од 1:0 во победи.