Одбојкарска сезона влегува во завршна фаза. Останува да се одиграа уште финалните серии во двете конкуренции, по кои ќе го дознаеме шампионите за сезоната 2022/23.

Први стартуваа мажите денеска.

Најдобриот тим последните неколку сезони, воедно и актуелен шампион Струмица Никоб на паток кон нов трофеј ќе го има велешки ГОК Борец

Струмичани важат за фаворити, но велешани се надеваат дека може да ја повторат импресивната полуфинална серија против Шкендија и дека може да го изненадат шампионот.

Овие две екипи пред месец дена играа и во финалето на Купот одржано во Радовиш, во кое струмичани славеа победа (3-0) и го освоија првиот трофеј сезонава.

Првиот натпревар од серијата подобар до три победи се игра денеска од 18 часот и 30 минути во салата „Парк“.

Кај дамите во финалето како и лани ќе играа актуелниот шампиони Работнички Скопје и Јанта волеј. Првиот натпревар на програмата е утре во СЦ „Борис Трајковски“ од 18 часот и 30 минути.