Жозе Мурињо како и секогаш, така и сега, има што да каже пред двомеч. Првиот натпревар во четврт-финалето од Лига Европа го загуби Жозе, но без изјава и без борба неможе.

Сега најави каква борба ќе пружи Рома „Олимпико“ и какво мислење има за ситуацијата на Дибала и дали ќе игра.

„Мораме да дадеме два гола за да ги победиме. Не ми е гајле како, кога и зошто, туку единствено нешто што значи е да излеземе на терен со желба да дадеме два гола повеќе од нив. Мора да бидеме по остри и не ме загрижува бидејќи знаеме како тоа се прави”, самоуверен беше Мурињо.

Запрашан за Дибала, неговиот одговор никој на официјалната прес конференција не го разбра.

„Неможам да знам дали ќе игра од прва минута Дибала. Ќе решам пред натпреварот дали ќе игра или ќе стартува од клупа. Но, ако стартува нема да игра 90 минути или па можеби ќе се повреди после 10 минути, незнам. Ако стартува на клупа, па да влезе и да се повреди веќе нема да имам измени”, во негов стил oдговори Мурињо.

Дали Жозе збори на празно како што знае тоа понекогаш да го прави или зборовите ќе му имаат многу вредност ќе видиме по исходот вечерашниот реванш меѓу Рома и Феенорд.

Андреј Вељаноски