Лига Европа приреди доста интересна програма минатата недела, па не постои натпревар, а да се знае скоро сигурно патникот во полуфинале. Калкулации има на сите страни, но кој ќе ги направи точните пресметки?

Рома и Феенорд изиграа доста израмнет натпревар, но гостите од Холандија со сеуште свежи сеќавања на поразот во ланското финале од Конференциската Лига, ја совладаа четата на Мурињо со 1-0. Но, ако се знае нешто за „специјалниот” тоа е дека негов тим на секој можен начин се бори до крај без разлика на резултатот.

Натпреварот кој никој не очекуваше да заврши со реми меѓу рекордерот Севиља и Манчестер Јунајтед е многу повеќе од едно обично реми. Манчестер Јунајтед сами се донесоа во ситуација да „грицкаат нокти“ бидејќи со два авто-гола во финишот и донесоа „реми“ на Севиља која во Андалузија ќе нема што да загуби бидејќи резултатите во Ла Лига им се очајни. Традицијата вели. Севиља кога стигнувала до четвртфиналната рунда, на крајот успевала да го освои и трофејот во ова натпреварување. Ќе биде ли така, останува да видиме.

Спортинг во Лисабон ќе се обиде да даде се од себе да надополни еден гол колку што е негативата со која што излегоа од Торино. Јувентус како што се развиваше цела сезона игра за пласман во Лигата на Шампиони која поради казната што им беше изречена не им е возможно преку лигашка позиција.

Унион Сент Жиолаз се нај пријатно изненадување оваа сезона и во Белгиската лига, но и во Лига Европа. Со резултат 1-1 дома ќе се обидат да го исфрлат одличниот Баер Леверкузен. Сепак нивен тренер е серискиот победник Чаби Алонсо кој сигурно им го пренел своето искуство на неговите фудбалери и е подготвен со „ладна” глава да влезе во овој реванш дуел.

Ниеден патник не е сигурен многу карти се спремни за играње. Како ќе се одвиваат натпреварите ви Лига Европа останува сами да видиме.

Александар Вељаноски