Иако Бенфика во Милано кај Интер дојде со два гола негатива во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, сепак во португалскиот тим веруваат дека таа негатива не é недостижна.

Екипата на Роџер Шмит, е во резултатска криза и на последните три натпревари претрпе исто толку порази.

„Мораме да постигнеме гол во раната фаза на натпреварот. Веќе оваа сезона во различни натпреварувања го покажавме капацитетот што го имаме за тоа, дури и на многу важни натпревари. И на првата средба со Интер, создадовме неколку можности, но останавме без реализација. Она што ни треба е тактичко рамнотежа, во рамките на нашиот поофанзивен стил на игра“, Ако го направиме тоа, имаме големи шанси за успех“, верува во својот тим тренерот на Бенфика.

Интер и неговите навивачи пак веќе се со мислите во полуфиналето во кое победникот од овој двомеч ќе игра против Милан кој го елиминира Наполи во четвртфиналето.

Натпреварот на „Џузепе Меаца“ ќе започне во стандардниот термин од 21 часот.