Екипата на Интер е на чекор до промоција во полуфиналист во Лигата на шампионите.

Откако првиот четвртфинален натпревар, одигран минатата недела меѓу Бенфика и Интер заврши со сигурна победа за Италијанците со 2-0, сега во реваншот покрај предноста со голови, Интер ќе игра пред своите навивачи на „Џузепе Меаца“ кои ќе го бодрат својот тим за пласман меѓу четирите најдобри.

Последниот пат кога „нероаѕурите“ се пласираа во полуфиналето беше во 2010 година кога и го освоија трофејот во престижното натпреварување.

По поразот од Интер, португалскиот гигант беше поразен и од Чавес во во домашното првенство, па сега е во низа од три порази по ред во сите натпреварувања.

Сепак Бенфика не е тим за потценување, така што може да очекуваме одличен натпревар по кој ќе се дознаат уште една екипи која ќе се пласираа во полуфиналето од најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите.

Победникот од овој двомеч оди на „мегдан“ на Милан кој го елиминира Наполи.