Во НБА лигата ноќеска беа одиграни три натпревари од првата рунда во плеј-офот и сите завршија со убедливи победи на домашните екипи.

Најубедлив беше Кливленд кој со 107-90 го надигра Њу Јорк и израмни на 1:1 во победи. Триумфот „кавси“ го најавија уште во првото полувреме кое го добија со 20 разлика, па вториот дел само рутинирано го одработија. Дариус Гренланд со 32 поени, беше најдобриот играч во победничката екипа, а Леверт придодаде 24.

Серијата подобар до четири победи сега се сели во Њу Јорк каде ќе се играат следните два натпревари.

И тимот на Феникс стигна до израмнување на 1:1 во победи во дуелот со ЛА Клиперс совладувајќи го со 123-109. Овојпат Букер и Дурант беа подобри од Ленард и Вестрбрук. Со 38 поени Девин Букер беше најефикасниот играч во победничката екипа за која Кевин Дурент додаде 25, доека Кави Ленард имаше 31 поен, а Расел Вестбрук 28 поени за тимот на „клиперси“ кој во наредните два натпревари ќе биде домаќин.

„Селтикс“ максимално ја искористија предноста на домашниот терен и до втората победа над Атланта стигнаа со со резултат 119-106.

Џејсон Тејтум оствари дабл-дабл за победничката екипа со 29 поени и 10 скока и 6 асистенции, додека Дерик Вајт додаде 26, а Џејлен Браун 18 поени.

Следните два натпревари од оваа серија се играат на теренот на „Хоукси“ во Атланта.