Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, во пресрет на возвратниот четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Бенфика, зборуваше за резултатската криза во која се наоѓа неговиот тим во Италија, критиките кои неговиот тим но најмногу тој лично ги добива. Самиот Инзаги повтори дека Интер знае како да игра во евро-куповите и потенцираше дека сите неуспеси во Серија А се зад нив и целиот фокус е на следниот натпревар, вечерва против Бенфика и желбата за пласман во полуфиналето:

„Забележавме пораз во лигата, но тоа е минато. Критиката е нешто на што сум навикнат. Тие нè прават да напредуваме.
Сега имаме шанса да влеземе меѓу четирите најдобри во Европа и тоа е голема цел за нас. Ние сме многу силни во куповите, додека во лигата не ја заземаме позицијата што ја посакуваме. Сега останува само да се концентрираме на првиот следен меч –Бенфика “,
изјави Инзаги.

Во Лисабон, Интер ја совлада Бенфика со 2:0 и има добра можност на свој терен да го потврди пласманот во полуфиналето од елитното натпреварување. Сепак Симоне Инзаги знае дека Бенфика има квалитет и за пласман понатаму ќе биде потребно многу трчање и максимална посветеност.

,,Ќе биде компликуван натпревар. Бенфика е тим кој многу трча, имаат феноменална поставеност и создаваат многу шанси, затоа ќе мора да го покриеме секој дел од теренот. Минатата година изгубија само два натпревари, а оваа недела дури три, што кажува дека се во лоша форма како ние, но тоа ништо не значи, имаат многу квалитет“, заврши Инзаги

Натпреварот почнува во 21 часот на ,,Меаца”.