„Голеада“ со шест погодоци, видоа љубителите на фудбалот во во Штутгарт, каде домаќините со голот во седмата минута од судиското дополнение извлекоа бод против Борусија Дортмунд играјќи 3-3 .

Гостите од Дортмунд имаа фантастично прво полувреме во кое со головите на Хелер (26-минута) и Мален(33) водеа со 2-0. Во продолжението домашниот тим остана со игра помалку откако Мавропанос заработи два жолти картони, па Штутгарт во вториот дел играче со фудбалер помалку.

Сепак домаќините не се откажаа. Фуриозно се вратија во игра со головите на Кулибали (78) и Вањоман (84) кои го изедначија резултатот на 2-2.

Кога сите на арената „Мерцедес Бенз“ очекуваа дека со тој резултат ќе заврши натпреварот, во судиското дополнение уште два гола.

Младиот американски репрезентативец Рејна, постигна гол за Дортмунд за ново водство (3-2), но „спасител“ за Штутгарт беше Силас кој 97-минута со одлична завршница повторно го израмни  резултатот и ја заврши голеадата во Штутгарт, со конечни 3-3. 

Така Борусија не го искористи „киксот“ на Баерн кој пред своите симпатизери одигра 1-1 со Хофенхајм, па „милионерите“ остануваат ва второто место со два бода помалку од Баварците.