Лигата на шампионите влегува во фаза на кулминација. Веќе нема фаворити на еден меч, бидејќи осумте екипи се колку преостанаа во трката за финалето во Истанбул се исклучително квалитетни.

Според прикажаното сезонава можеби Манчестер Сити и Баерн Минхен сигурно го сочинуваат најинтересниот пар во четвртфиналето.

Иако напаѓачите секогаш се во фокусот на вниманието, но многу работи ќе зависат од дефанзивците, смета младиот Матијас де Лигт, главниот во одбраната на Баерн.

„Манчестер Сити има многу добра екипа. Сите мораме да бидеме целосно фокусирани и да одиграме на високо ниво. Сигурно ќе биде тежок натпревар. Важно е нашата одбрана да биде добро организирана. Халанд е фантастичен играч, но ќе му биде тешко, ако не добива добри проигрувања од соиграчите. Затоа ние сме тука, да му ја отежнеме работата“, вели Матијас.

Ќе успеа ли Баерн да ја сочува својата мрежа во дуелот со офанзивниот Сити, предводен до Халанд, ќе видиме на мечот што започнува од 21 часот.

Марио Петровски