Три италијански клуба под истрага: Финансиската полиција ја проверува документацијата

Италијанската финансиска полиција изврши претрес во просториите на фудбалските клубови Рома, Лацио и Салернитана, како дел од истрагата за сомневањата за нереално високи суми на трансфери на играчи.

Истрагата против Рома се однесува на трансфери помеѓу 2017 и 2021 година, додека истрагата за Лацио и Салернитана се занимава со продажба на играчи меѓу овие два клуба, кои до неодамна му припаѓаа на истиот сопственик – Клаудио Лотито.

Салернитана минатата сезона го смени сопственикот, бидејќи прописите во Серија А не дозволуваат едно лице да контролира два тима.

Според италијанските агенции „АГИ“ и „Анса“, прелиминарната истрага за Лацио и неговиот прв човек Лотито, се заснова на сомневања за издавање „фактури за непостоечки трансакции“,

Трансферите на играчи и вештачки претставените капитални добивки, се во „срцето“ на случајот со кој веќе се соочи Јувентус. Поради тоа, клубот од Торино беше казнет со одземање на 15 поени.