Фудбалерите на Њукасл со триумфот над Манчстер јунајтед од 2:0 пред своите навивачи им се реваншираа на играчите на Манчестер Јунајтед за поразот во финалето на Карабао купот, а покрај тоа ги „прескокнаа“ и на табелата на Премиер лигата. Со оваа победа ја прекинаа серијата од шест натпревар без победа над денешниот ривал. Инаку, ова беше трета победа во низа за Њукасл, а „црвените ѓаволи“ немаат победа три натпревари.

Двата тима по 27 натпревари имаат по 50 бодови.

„Црно-белите“ беа подобар ривал во текот на целиот натпревар, а иницијативата во првиот дел не ја реализираа со гол. Сепак по една долга акција во 65.минута мрежата ја затресе Џо Вилок. Неколкуте измени на Тен Хаг не вродија со плод, но резервистот кај Њукасл Калун Вилсон во 88.минута ги постави конечните 2:0.

На првиот дуел од денешното 29-то коло во Премиер лигата Вест Хем го победи Саутемптон со 1:0.