МЗТ Скопје забележа тешка, но заслужена победа над Задар со што ги задржа шансите за опстанок во АБА лигата.

По натпреварот тренерот на аеродромци Драган Николоќ – Гаге,

„Она што е најважно победивме. Но, продолжува ролер-костерот, горе-долу, во игра сме за опстанок, па не, па сега повторно да. Притисокот останува. Ќе се обидам да го задржам мирот во тимот, додека имаме шанси. Нас приоритет останува и двојната круна во домашното првенство, но ќе сториме се додека имаме шанси да опстанеме и во АБА„, истакна Николоќ.

Следен противник на МЗТ ќе биде Сплит кој денеска го победи ривалот на сино-белите Борац Чачак со што го остави тимот од Аеродром во игра за опстанок