Младата македонска фудбалска репрезентација до 21 година со пораз од Словачка го заврши турнирот во Анталија. 

Избраниците на селекторот Драган Канатларовски, кои како дел од подготовките за новиот квалификациски циклус за Европското првенство, одиграа три контролни натпревари, попладнево се совладани од врсниците од Словачка со 1-0. 

Во финишот на мечот, Македонија беше оштетена, бидејќи главниот судија во — минута не досуди очигледен пенал за нашите младинци. 

Единствениот гол на натпреварот го постигна Доминик Веселовски во 66-тата минута, кој ја искористи нерешителноста на комплетната наша одбрана. 

Ова беше втор пораз за црвено-жолтите на турнирот во Анталија каде во првиот меч беа надиграни од Летонија, додека во дуелот со Финска славеа победа со 6-5 на пенали откако мечот заврши без победник 1-1. 

Македонските младинци ќе играат во Ц квалификациската група во кој за противници ќе ги имаат врсниците од: Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Грибралтар. 

Првите натпревари на програмата се во септември месец, кога прво ќе и гостуваат на Шведска (08), а потоа (12) ќе ја пречекаат Холандија на домашен терен.