Екипата на МЗТ Скопје Аеродром лесно се справи со Еуро Никел против кого славеше победа, со што аеродромци ја комплетира триумфалната рунда на гостинските екипи.

Во последниот натпревар од 19.коло на Првата кошаркарска лига, Аеродромци славеа со 81-61.

Ако по првите две четвртини домаќините беа релативно рамноправен противник, па на пауза заминаа само со 10 негатива (30-40), во третата МЗТ го „скрши“ отпорот а кавадарчани добивајќи го периодот со 13 разлика (25-12). Последната четвртина беше само чиста формалност за на крајот МЗТ да слави со конечни 81-61.

Најефикасен во победничката екипа беше Кафи со 10, додека во поразената, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Планиниќ кој постигна 20 поени, а придодаде и 12 скокови.

Потсетување дека и на останатите средби од ова коло победи забележаа гостинските екипи. 

ПРВА ЛИГА – 19.КОЛО
ВТОРНИК
ЕУРО НИКЕЛ – МЗТ СКОПЈЕ А. 61-81
НЕДЕЛА
КОЖУВ –ПЕЛИСТЕР 88-100
САБОТА
СТРУМИЦА –АКАДЕМИЈА ФМП 94-99
ФЕНИКС –ТФТ 66-76
КУМАНОВО –РАБОТНИЧКИ 54-82
ЧАИР –ГОСТИВАР 93-97