Екипата на Работнички Скопје е првиот финалист во одбојкарскиот Купот на Македонија во женска конкуренција, чиј завршниот турнир се игра во салата „25-ти Мај“ во Радовиш,

Актуелните шампионки и бранителки на трофејот во Купот, Работнички, во реприза од минатогодишното финале, сега во полуфиналната рунда ја совлада екипата на Јанта волеј во три сета.

Само првиот сет беше резултатски израмнет, а дој Работнички го доби со 25-21. Во вториот сет на своите противнички им препуштија само 12 поени (25-12), за третиот Работички да го добие со 25-20 и со конечни 3:0 во сетови се пласира во утрешното финале.

Во него Работнички Скопје, за противник ќе го има подобриот од вечерашниот дуел меѓу Наковски волеј и Вардар што ќе започне од 20 часот.

Женското финале на програмата се утре (сабота) од 16 часот, а претходно (13 часот) во машкото ќе играат Струмица Никоб и ГОК Борец.