Екипата на Пролет Тинекс се пласираше во финалето на група 2 од Купот на Македонија.

Во воведниот натпревар од четвртфиналната рунда одигран попладнево во салата „Македонско Сонце“ во Скопје, ракометарите на Пролет Тинекс по голема борба го совладаа составот на Голден Арт со 26-25.

Првото полувреме мина во знакот на гостите (Пролет е домаќин на оваа група) кои на полувремето заминаа со три гола предност (12-15). Во вториот дел домаќините брзо ја стопија разликата стигнаа до израмнување (17-17). Гол за гол се играше се до 50-тата, минута кога Пролет направи серија до 4-1 и поведе со три гола предност 24-21. Таквата предност избраниците на Лембанов знаеја како да ја сочуваат па на кр5ајот славеа со конечни 26-25.

Кадетскиот репрезентативец Димковски беше најефикасен со 6 погодоци, додека 5 постигна капитенот Андоновски, а 4  придодаде Додевски за победничката екипа, додека Миланов, Милошески и Гошевски постигнаа по пет гола за поразениот тим.

Противник на Пролет Тинекс во финалето од оваа група во Купот на Македонија ќе биде подобриот од мечот Еурофарм Пелистер 2 – Радовиш, што на програмата е утре претпладне.