На денешен ден,2014 година во тешка сообраќајна несреќа почина Петар Милошевски.

Човек со карактер, големо срце и фудбалска визија. Роден Битолчанец кој својата успешна фудбалска приказна ја започна во Пелистер, каде бранеше пет години (1989-1994) пред да се пресели во Вардар каде се задржа четири сезони (1994-1998), пред првиот интернационален предизвик во турски Трабзонспор (1998-2001).

Во Турција остана 7 години а освен за Трабзонспор, го чуваше голот и на Малатијаспор и Себатспор. Кариерата ја заврши во 2012 на Кипар како голман на Паралимни.

За Македонскиот национален тим Милошевски дебитираше во 1998 години против Бугарија а последниот 59-ти настап го имаше во 2009 година против Моладвија.

Милошевски и по завршувањето остана активен во фудбалот па работеше како спортски директор во фудбалската федерација.

Сите кои го познаваа сведочеа за каков работник станува збор, човек со принципи и визија за фудбалот во Македонија. Останува жал што многу од работите кои ги започна не можеше да ги заврши.

Во негова чест тренинг центарот на ФФМ го носи името тренинг центар „Петар Милошевски“