Екипата на Рома забележа победа над шпанскиот Реал Сосиедад Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.

На средбата одиграна на „Олимпико“ во Рим, избраниците на Жозе Мурињо славеа со 2-0.

Со голот на Ел Шарави во 13-тата минута, популарната римска „волчица“ поведе со 1-0, резултат што беше актуелен се до самиот финиш на средбата.

Вториот гол дојде на три минути пред крајот односно 87-минута кога албанскиот интернационалец Мараш Кумбала ги постави конечните 2-0.

Двата гола се солидна предност за Рома пред реваншот во Сан Себастијан за седум дена.