Екипата на македонскиот интернационалец Иван Тричковски, кипарски АЕК Ларнака е поразен на домашен терен од Вест Хем во првиот меч од осминафиналната рунда во Конференциската лига.

Гостите од Англија славеа победа со 2-0

Вест Хем победата ја најави уште во првото полувреме во кое Мајкл Антонио постигна два гола. Првиот во 36-тата, а вториот на ефектен начин во втората минута од судиското надополнување (45+2).

Во вториот дел АЕК јаловите се обидуваше да го загрози гостинскиот гол, а Вест Хем рутинирано ја одржуваше стекнатата предност па на резултатот остана непроменет.


Тричковски кој беше на клупата за резервни фудбалери влезе во игра во 77-минута, но не успеа да му помогне на својот тим барем да го ублажи поразот.

Реванш натпревара во Англија ќе се игра следниот четврток (16 март).