Тренерот на ПСЖ, Кристоф Голтие, не криеше дека неговиот тим е подготвен и за пенал „рулетот“ во реваншот со Баерн Минхен, во кој „светците“ ќе влезат со негатива од еден гол.

Францускиот стручњак, открива дека и голманот Дорума се подготвувал за такво сценарио, но мисли дека неговите избраници задачата ќе ја решат и претходно и дека ПСЖ ќе биде четвртфиналист.

„Едноставно мораме да играме подобро од првиот натпревар. Сакаме да покажеме подобра и посилна страна од нас што недостигаше во Париз. Ќе биде тежок натпревар, каде што мора да има победник и губитник, но го играме секој меч со амбиции за победа. Лигата на шампиони е многу важно натпреварување за нас и сакаме да стигнеме најдалеку што можеме. Ако добро играме имаме шанси за пласман во четвртфиналето. Има и можност за пенали, но тоа не го гледаме тоа како лотарија. Доста е вежбано со Донарума и сме спремни за секој исход“, вели Голтие тренерот на ПСЖ.

Кое од предвидените сценарија на францускиот тренер ќе се исполнат останува да видиме по чекот што ќе започне од 21 часот.