Во пресрет на дербито Ангели – Соколи

Екипата на Ангели забележа лесна и убедлива победа над МЗТ Скопје У.Б. со што се проби на второто место на табелата во второлигашката конкуренција.

Тимот предводен од Игор Гацов лесно, па и убедливо славеше победа над МЗТ во последниот натпревар од 17-тото коло, одигран помладиве во СВ Кале.

Освен на самиот старт, останатите 39-минути екипата на Ангели беше онаа која ја контролираше играта и резултатот, па уште во седмата монета за прв пат имаа двоцифрена предност (19-8). До крајот на првиот период придодадат уште три, па четвртината ја добија со 14 разлика 25-11. Истата предност остана и по втората четвртина, па на одмор се замина со резултат 45-31 за Ангели.

Дека се решени ништо да не остават на случајност, гостинските кошаркари најавија по само 3 минути игра во второто полувреме кога имаа и највисоки +24 (57-33), па до крајот само рутинирано го одработија остатокот од натпреварот и заслужено славеа со конечни 69-52.

Со оваа победа екипата на Ангели се проби на второто месoт на табелата зад Вардар кој има две победи повеќе. Тимот од Кисела Вода го искористи поразот на штипски Соколи кои во оваа рунда беа совладани од Водно Санс, па двата тима сега имаат ист „скор“ 12 победи и 5 порази, како и четврто рангираниот Работнички 2.

Токму Ангели и Соколи ќе го играат дербито во следната 18-та рунда која на програмата е викендов.

МЗТ Скопје пак тепка борба со Шкупи и велешки Борец Баскет за осмата, последна позиција) на табелата што носи пласман во плејофот, имајќи во предвид дека до крајот на регуларниот дел од сезоната има уште пет кола, а тимовите пред нив МКК Куманово, Водно Санс, па и Охрид имаат две односно три победи повеќе од горе споменатите екипи.

РЕЗУЛТАТИ 17-КОЛО ВТОРА ЛИГА
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – АНГЕЛИ 52-69
ШКУПИ – ВАРДАР 84-76
ВОДНО САНС – СОКОЛИ 96-94
РАБОТНИЧКИ – ОХРИД 80-73
МКК КУМАНОВО – БАСКЕТ КАМ 79-58
ЦРН ДРИМ – БОРЕЦ БАСКЕТ 65-81

#

ТАБЕЛА

БОД

ПОБ

ПОР

+/-

1

ВАРДАР

31

14

3

255

2

АНГЕЛИ

29

12

5

134

3

СОКОЛИ

29

12

5

105

4

РАБОТНИЧКИ

29

12

5

35

5

ГКК ОХРИД

27

10

7

28

6

ВОДНО САНС

26

9

8

73

7

МКК КУМАНОВО

26

9

8

61

8

МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА

24

7

10

28

9

ШКУПИ

24

7

10

-49

10

БОРЕЦ БАСКЕТ

24

7

10

-133

11

БАСКЕТ КАМ

20

3

14

-161

12

ЦРН ДРИМ 007

17

0

17

-376