Атанасиј Трајанов момчето за кое допрва треба да се пишува и слуша, кога во прашање е македонската кошарка.
17-годишниот радовишанец е член на екипата Водно Санс од Скопје. Тој веќе зад себе има неколку импресивни натпревари, како во младинските, така и во сениорската конкуренција во која настапува со својата екипа во Втората лига.
Јуниорскиот репрезентативец на Македонија, е еден од најзаслужните за одличната победничка низа од четири натпревари по ред на Водно Санс во вториот дел од првенството, во кое оваа екипа редоследно ги совлада Црн Дрим, Работнички, МЗТ Скопје У.Б. и Соколи.
Она што го краси овој млад кошаркар секако се неговите атлетски предиспозиции, брзината и скочноста, како и упорноста за секоја топка.
Токму две од тие карактерни особини, го направија и „јунак“ на мечот со штипски Соколи (второ пласираната екипа на табелата), па Атанасиј со кошот со звук на сирената и донесе победа на својата екипа.
Во блиска иднина очекувајте и многу поатрактивни кошеви од ова момче, за кое СПОРТ+ допрва ќе пишува и раскажува.
Браво, Атанасиј…