Екипата на ТФТ Моцарт и теоретски ги загуби шансите да избори пласман во разигрувањето во АБА2 лигата.

Ова откако нашиот претставник во ова натпреварување беше поразен од хрватската екипа Горица во првиот натпревар од последниот турнир во лигашкиот дел.

ТФТ беше рамноправен противник само во првите 15-минути се до резултат (32-35) по што на противникот му дозволи да направи серија од 15-0, за на полувреме да замине со негатива од 18 поени (50-32).

Тоа се покажа како клучен период на натпреварот, па во второто полувреме хрватскиот претставник рутинирано стига до победата со конечни 83-64.

Покрај натпреварот ТФТ го загуби и Американецот, Мек Бреер кој во финишот на третиот период заработи повреда на скочниот зглоб и предвреме замина во соблекувалната.

Со овој пораз, вкупно деветти, ТФТ Моцарт и дефинитивно ги загуби шансите за место меѓу осумте екипи што е продолжат во плејофот, имајќи во предвид дека на тимот од Тафталиџе му остануваат да одиграат само уште две средби, а заостануваат три победи зад конкурентите.

Следниот натпревар ТФТ ќе го игра во во среда (21 часот), а противник ќе и биде тимот на Борац.

Утре (од 21 часот) својот меч од оваа рунда ќе го одигра битолски Пелистер и тоа дуелот со словенечката Крка.