Македонскиот репрезентативен голман и чувар на мрежата на Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски, одново имаше одличен натпревар и ја сочува својата мрежа чиста во натпреварот против Атлетик Блбао, кој заврши без победник, 0-0.

Феноменалниот Димитриевски ги излудуваше противничките играчи со своите одбрани, а во 32 и 33 минута одбрани два зицери, најпрвин на Дани Вивиан а потоа и на Оихан Санцет.
Димитриевски беше на висината на задачата и во продолжението на натпреварот а имаше и голема среќа во 93-тата минута кога Нико Вилијамс ја погоди пречката од голот на Македонскиот голман.

Иако Столе блескаше, неговите соиграчи од нападот повторно потфрлија па не можеа да го совладат противничкиот голман, па Рајо повторно остана без победа и во четвртиот натпревар во низа, па испадна од евро зоната и сега е на седмата позиција со 35 бода.