Футсал репрезентацијата на Македонија славеше победа над Шведска во последниот натпревар од претквалификациите за Светското првенство.

„Црвено-жолтите“ им се реваншираа на „Викинзите“ за поразот (2-5) во првиот меѓусебен дуел совладувајќи ги вечерва со 3-1.

Сите четири гола беа постигнати во второто полувреме. Со двата гола на Ранготов, Македонија поведе со 2-0, за Швеѓаните да намалат преку Диаз во 30-тата минута. Иако гостите се обидуваа да стигнат до израмнување, сепоак со голот на Леовски во последната минута, Македонија стигна до ваќна победа.

Со овој триумф нашата футсал селекција гу задржуваат шансите за место во следната фаза од квалификациите.

Тоа сепак ќе зависи од последниот натпревар (8 март) во кој Шведска ја пречекува прво пласираната Италија, кој веќе го обезбеди своето место во главната квалификациска рунда за Мундијалот.

Потсетување дека пласман понатаму обезбедуваат првопласираните репрезентации од 12-те групи, како и четири најдобропласирани, додека другите осум второпласирани селекции ќе играат бараж.

ГРУПА 10 – РЕЗУЛТАТИ
Италија 6-3 Македонија
Италија 6-1 Шведска
Македонија 3-3 Италија
Шведска 5-2 Македонија
Македонија – Шведска 3-1
Шведска – Италија (8 март)

ТАБЕЛА: *ИТАЛИЈА 7, Македонија 4 и Шведска 3