Екипата на Монако освои само еден бод во дуелот со претпоследно пласираната Троа.

На натпреварот од 26.коло во француската Лига 1, Монако на гости кај Троа одигра без победник 2-2.

Гостите од кнежеството, иако имаа негатива од 31-минута кога Куаме му донесе предност на домашниот тим, сепак во вториот дел со двата гола на Бен Јадер во 81-та и 85-тата минута Монако успеа да направи пресврт и да поведе со 2-1.

И кога сите очекуваат триумф на гостите, Угбо со голот во 91-та минута го израмни резултатот, поставувајќи ги конечните 2-2.

Со само еден освоен бод кај тимот што се бори за опстанок, Монако сега заостанува еден бод зад Олимпик Маресеј во трката за второто место, што носи пласман во Лигата на шампоните.

Марсеј пак денеска ќе го одигра својот натпревар од ова коло, и тоа дербито на гости кај четврто пласираниот Рен.