Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство.
„Црвено-жолтите“ ја пречекуваат репрезентацијата на Шведска, од која во првиот меѓусебен, одигран на гостински терен, дуел загуби со 5-2.
Швеѓаните и овој пат важат за фаворити, но калкулациите велат, победа на Македонија со три или повеќе голови разлика, може црвено-жолтите да ги одведе до втората позиција на табелата, барем до 8 март за кога е закажан последниот натпревар од 10-тата група меѓу Шведска и Италија кој ќе решава за второто место во групата.
Италија е веќе сигурен патник на во следната фаза, во кој пласман обезбедуваат првопласираните репрезентации од 12-те групи, како и четири најдобропласирани, додека другите осум второпласирани селекции ќе играат бараж.
Натпреварот меѓу Македонија и Шведска што ќе се игра во СЦ Јане Сандански ќе започне во терминот од 19 часот.
ГРУПА 10 – РЕЗУЛТАТИ
Италија 6-3 Македонија
Италија 6-1 Шведска
Македонија 3-3 Италија
Шведска 5-2 Македонија
5 март: Македонија – Шведска
8 март: Шведска – Италија
ТАБЕЛА: *ИТАЛИЈА 7, Шведска 3 (-2) и Македонија 1 (-6).