Актуелниот шампион Макс Верстапен ќе ја има стартната, пол-позиција, на утрешната премиерна трка од сезонава во Формула 1, што ќе се вози за Големата награда на Бахреин.

Возачите на Ред Бул во денешните квалификации остварија најбрзи времиња, па веднаш зад Холанѓанецот ќе биде неговиот тимски колега Серхио Перез.

Во вториот ред ќе бидат болидите на Ферари, со Леклер и Перез, додека зад нив се болидите на Астин Мартин и Мерцедес.

Ветеранот, Фернандо Алонсо ќе стартува од петтата позиција пред Хамилтон и Расел од Мерцедес, односно неговиот тимски колега Строј.

Стартот, на утрешната трка, првата во сезоната, е закажан за 16 часот.