Екипата на Унон Берлин полека го губи чекорот со Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, во трката за шампионскиот трофеј во германската Бундес лига.

Веќе трет натпревар во низа тимот на Унион Берлин не успева да забележи победа.

Попладнево во натпревар од 23.коло одигран пред својата публика Униот Берлин „ремизираше“ без голови 0-0 во дуелот со Келн.

така сега Унион Берлин има 44 бодови два помалку од Баерн кој попладнево гостува кај Штутгарт, односно пет помалку од водечката Борусија Дортмунд која вчера го совлада Лајпциг со 2-1.