Поранешниот Македонски репрезентативец и легенда на Македонскиот фудбал, Иван Тричковски повторно потсети за каков фудбалски мајстор станува збор.
Тричковси во победата на АЕК Ларнака против Паралимни од 3-1, ги постигна и трите погодоци за својата екипа, со што дојде до 9 погодoци оваа сезона, во која и не се изнаигра многу поради проблемите со повреди. Сепак и покрај сите проблеми, Македонецот уште една сезона ја завршува како најдобар стрелец на тимот и трет стрелец во кипарското првенство.

АЕК Ларнака регуларниот дел го завршува како првопласирана и како таква влегува во разигрувањето за титулата.

Иван Тричковски е вистинска легенда на клубот од Ларнака, каде на 190 лигашки натпревари постигна 107 погодоци а во два наврати беше и најдобар стрелец во лигата.
Годините може да доведат до губење на брзината, на константноста и физичката спремност, но фудбалската класа е вечна.