Португалскиот ас, Кристијано Роналдо брзо се прилагоди на условите и начинот на игра во Саудиска Арабија и почна да ги оправудува очекувањата на клубот и навивачите.

Роналдо на четири лигашки натпревари во месец февруари постигна 8 погодоци и  запиша две асистенции со што  го предводеше неговиот тим, Ал Наср Ријад, до три победи и еден нерешен натпревар.
Сето тоа беше доволна причина  челниците на клубот да го изберат Роналдо за најдобар играч на тимот за месец февруари. По клупската награда, Португалецот сега  го доби и  признанието за најдобар играч за месец февруари и во премиер лигата на Саудиската Арабија.

Роналдо се заблагодари за наградата и порача дека ова е само прва од многуте кои ќе следуваат