Актуелниот шампион на Серија А, тимот на Милан повторно разочара и загуби на гостувањето кај Фиорентина со 2-1.

Иако беа во добар ритам и врзаа три победи по ред со кои останаа во врвот, сепак денес избранците на Стефано Пиоли беа немоќни и го положија оружјето на тешкото гостување во Фиренца.

По 0-0 во првиот дел и малиот број шанси, работите се сменија во вториот дел, кога веќе во 47-там минута Фикао Томори направи непромислен потег и со раце недозволено го влечеѓе противинчкиот играч што беше доволно главниот судија да покаже на белата точка. Николас Гонзаелз беше мирен реализатор, и домаќините поведоа со 1-0.
Само три минути подоцна, Милан имаше шанса експресно да се врати во натпреварот, но ударот на Оливие Жиру го одбрани  Теракиано. Чуварот на мрежата на Фиорентина беше брилијантен и во 58-та минута кога го одбрани и ударот на Тео Ернандез.

Вистинска мешаница пред голот на Милан имаше и во 78-та минута кога судијата Ди Бело досуди пенал за ,,Poсонерите”. Сепак неговите колеги од ВАР собата го повикаа да ја преиспита одлуката, по што истиот го поништи досудениот пенал.

Казната за сите неискористени шанси стигна во 87-та минута кога резервистот Лука Јовиќ го совлада Мањан за голема радост на домашните навивачи.
До крајот на натпреварот, Милан преку Тео Ернандез во 94-тата минута само успеа да го ублажи поразот на 2-1.

Натпреварот го одбележа  кореографијата и аплаузот во чест на Давиде Астори, кој на денешен ден, пред пет години беше пронајден мртов во неговата соба.