Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Перо Антиќ реши да го стави својот дрес од Фенербахче на аукција.

Имено како што објави самиот Антиќ на својот Фејсбук профил, дресот на Фенер сп кој ја освои титулата во Евролигата, а до која стигна во дуелот со својот претходен клуб Олимпијакос, со кој исто така беше европски шампион, ќе го стави на аукција.

Како што пишува самиот Антиќ, средствата собрани од оваа аукција (придажбата) на дресот ќе бидат наменети за оние на кои во овие моменти им се нај потребни, алудирајќи на “фановите на Фенер” и нивните семејства кои страдаа во катастрофалниот земјотрес што ја зафати Турција.

Останува да се види, на кој начин, каде и како, Антиќ ќе ја спроведе оваа хуманитарна акција (аукција).