Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски денеска настапи на Европското првенство во сала во Истанбул. Тој во трката на 3.000 метри во првата група заврши како последен 10-ти(вкупно 20.то место), во силната конкуренција и е далеку зад оние на најдобрите. Тој денешната трка во групата 1 ја истрча за 8:17.93 минути, а неговиот најдобар резултат во сала на 3.000 метри изнесува 7:58.48 минути.

Инаку македонскиот атлетичар беше на првото место во групата до 1.800 метри повеќе од половина од трката, но потоа конкурентите кои имаат многу подобри времиња од него успеаја да го минат. Победник на трката беше Јакоб Ингебритсен со време 7:56.57 минути. Инаку најдобар резултат имаше победникот на втората група Елзан Бибиќ од Србија – 7:50.21 минути.

Вчера свој настап на шампионатот во Истанбул имаше и Дрита Ислами во трката на 400 метри.