Во неверојатен натпревар лидерот на табелата во Премиер лигата, Арсенал иако губеше со два гола, успеаја да го победи Борнемут со 3-2 и тоа со голво 98-минута 

Натпреварот на “Емирати“ лошо стартуваше за домаќините кои примија гол по само 10-секунди игра. Заспаноста на домашната одбрана, ја казни Данецот, Филкип Билонг кој го постига водечкиот гол за гостите.

Уште полоша беше ситуацијата откако во 64-тата минута откако Аргентинецот, Сенеси зголеми на 2-0 за Борнемут. 

Сепак, Арсенал со два гола за само осум минути преку Парти (62) и Вајт (70) успеа да стигне до израмнување на 2-2. 

Избраниците на Артета се обидуваа да стигнат до трет гол, а тоа им успеа во осмата минута од судиското дополнение (90+8), кога Рис Нелсон го постигна третиот гол за „делириум“ на „Емирати“ и победа на Арсенал со 3-2.

Со оваа победа Арсенал ја одржа предноста од пет бодови во однос на актуелниот првак Манчестер Сити попладнево славеше над Њу Касл со 2-0.