Избраниците на Нагелсман, на тешкото гостување кај Штудгарт славеа победа со 1-2 и се вратија на првото место во Бундес лигата.

Дефанзивецот, Матијас Де Лихт во 39-тата минута како расен голгетер го искористи додавањето на Мусиала и ја затресе противничката мрежа за водство од 0-1.

На самиот почеток на вториот дел, Камерунецот, Чупо Мотинг ја продолжи својата серија голови, и на трет натпревар по ред го запиша своето име во листата стрелци за предност од 0-2.

Кога се делуваше мирно за Баварците, во 88-та минута на одличен центршут на Тиаго Томас, Колумбицот во редовите на Штудгарт, Хуан Хозе Переа беше највисок во шеснаестникот на Баерн и со глава го совлада Јан Зомер.

Вистинско возбудување се случи во 93-тата минута кога Тангуј Кулибали со удар со главата практично го матираше Зомер по втор пат, но неговиот удар заврши неколку милиметри надвор од голот, со што Баерн го преживеа налетот на противнико и ја сочува победата.

Со оваа победа Баерн се изедначи со Борусија Дормунд со по 49 бода, па поради подобрата гол разлика, Баварците се вратија на првата позиција