Ракометарите на Еурофарм Пелистер го следат во чекор првакот Вардар откако во последниот натпревар од 4.коло од Супер лигата постигнаа победа над Пролет со 32:26 (19:14). Победата на битолчани ниту еднаш не беше под знак на прашање особено што резултатот само двапати беше изедначен 1:1 и 2:2. Гостите од Скопје единствено нешто што направија е тоа што намалија во два наврати на два разлика (21:19 и 22:20), за на крајот битолчани да стигнат и до највисоките +6 (32:26).

Ласко Андоновски од Пролет со 8 голови беше најефикасен на дуелот, додека кај Еурофарм Пелистер Ненад Костески реализраше 7.

Од двојната денешена програма во Битола Вардар го победи Еурофарм Пелистер со 25:18.

На вчера одиграните натпревари: Бутел – Тиквеш 28:24 и Охрид – Алкалоид 26:32.

Табела: Вардар 15 бодови, Е.Пелистер 15, Алкалоид 9, Тиквеш 7, Е.Пелистер 2 4, Бутел 4, Охрид 3, Пролет 2.

Во следните две недела нема да се играат натпреварите од Супер лигата. Најпрвин следуваат натпреварите на македонската репрезентација против Португалија, а потоа следниот викенд се Куп натпреварите (четвртфинални групи).

За последниот викенд во месец март е терминот кога ќе се игра првото големо дерби Вардар – Еурофарм Пелистер .